Новинарите на „The Race“ го именуваа тимот на Ред Бул за главен фаворит за шампионскиот трофеј пред почетокот на новата сезона во Формула 1.
Рангирањето е направено по претсезонските тестови одржани викендот во бахреин.
Порталот се потпираше на своите набљудувања на патеката, анализа на долги растојанија, дискусии со возачи и други учесници во Ф1.
Лидер на листата е Ред Бул, додека Ферари е прогласен за клучен ривал на шампионот.
Рејтинг на тимовите во Формула 1 пред почетокот на сезоната 2024:
1. Ред Бул
2. Ферари
3. Мерцедес
4. Мекларен
5. Астон Мартин
6. РБ
7. Вилијамс
8. Заубер
9. Алпин
10. Хаас.