Кошаркарот на Голден Стејт вориорс, Крис Пол, заздрави по скршеницата на раката, пренесува „ESPN“.
Триесет и осумгодишниот Американец ќе може да се врати на паркетот на натпреварот против Вашингтон визардс закажан за вечер во 1 часот по полноќ.
Последен пат Пол учествуваше на официјален натпревар на 6 јануари против Детроит пистонс.
Во тековната сезона во НБА-лигата, кошаркарот настапи на 32 натпревара за Голден Стејт, со просек од 8,9 поени, 7,2 асистенции и 3,8 скока по натпревар