Британскиот тенисер Енди Мареј навести денеска дека влегува во последните неколку месеци од својата професионална кариера.

„И натаму сакам да се натпреварувам и го сакам тенисот, но колку постар станува сè потешко да се натпреваруваш со младите играчи и да ја одржуваш формата. Веројатно не ми преостанува уште долго, но ќе дадам сè од себе во последните неколку месеци“, изјави Мареј.

Трикратниот грен – слем шампион вчера го првото коло на турнирот во Дубаи го совлада Канаѓанецот Денис Шаповалов со 4-6, 7-6, 6-3 и ја забележа само втората победа во 2024 година.

Поранешниот светски рекет број 1 во јули 2019 година го оперираше колкот и оттогаш се шпекулира дека би можел да ја заврши кариерата



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 04:02