Со СДС и ДУИ потрошувачката кошничка за 7 години е двојно поголема од 500 евра во 2017 на скоро 1.000 евра денес

За 7 години животот на граѓаните е двојно поскап. Заради лошото владеење на СДС и ДУИ за тоа што во 2017 година требало да се одвојат 500 денари, сега за да се купи треба да се одвојат 1.000 денари.

За 7 години животот на народот стана неподносливо тежок и за сиот овој период, раст на БДП по глава на жител е само 20%, додека во регионот е повеќе од 50%.

Кој може да си дозволи да наполни една потрошувачка кошничка? 600.000 луѓе кои живеат со 150 денари на ден сигурно не, но милионерите како Каевски, Ковачевски, Зечевиќ сигурно да.

Со милиони, кои самите си ги пријавиле во анкетните листови Каевски и Ковачевски маките на народот се неразбирливи. Оваа власт е целосно одлепена од реалноста.

Народот не може да си дозволи основни работи за живот. Со право народот вели дека немаме држава, време е да ја вратиме.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/02/2024 16:48