Тренерот на Голден Стејт вориорс, Стив Кер, смета дека клубот се наоѓа во преоѓање од една во друга етапа на своето постоење.
Кер доби двегодишно продолжување на договорот кој сега ќе истекува паралелно со договорот на тимскиот лидер Стеф Кари.
- Се чувствувам многу удобно да го продолжам мандатот за две години. Се наоѓаме во единствена ситуација кога една ера во клупската историја завршува, а друга се приближува. Се обидуваме да ги комбинираме и да го извлечеме најдоброто од тоа, оваа и следната сезона... Ајде да продолжиме да работиме во следните неколку години, а потоа повторно да процениме. Навистина ми се допаѓа оваа сезона. И покрај неколкуте разочарувачки порази. Среќен сум што го тренирам овој тим. „Имаме возбудлива и предизвикувачка сезона, изјави Кер.
Голден Стејт ноќеска го победи Вашингтон визардс со 123:112.
Тимот предводен од Кер по 57 натпревари во НБА-лигата има 30 победи и 27 порази и се наоѓа на 9.место во Западната конференција.