Сведоци сме на широко распространета корупција, распаднати институции, општа сиромаштија, значителен дел од граѓаните се на работ на егзистенцијата.

Тоа се последиците од владеењето на СДС.

Не заслуживме во 21 век да се бориме за гола егзистенција и за преживување од месец во месец. Не смееме да дозволиме и понатаму да сме неми сведоци на масовно иселување на нашите сограѓани кои заминуваат од земјата барајќи егзистенција во други држави. Зарем ќе дозволиме и во иднина секоја школска година, секое полугодие да сме сведоци на намалување на бројот на децата во училишните клупи?

Оваа ненародна власт мора да замине! Само доколку заминат од власт, ќе ставиме крај на богатењето на поединци врз грбот на граѓаните, само така ќе го запреме масовното осиромашување и само така ќе го запреме масовното иселување од државата.

Првиот круг од претседателските избори се првата шанса да им го зададеме првиот силен удар на оваа ненародна власт, и затоа не смееме да ја пропуштиме таа можност. На 8-ми мај ќе ја имаме можноста да им зададеме завршен удар и да не дозволиме никогаш повеќе да ни се повтори ваква корумпирана власт.

Само со силна и убедлива победа ќе ја вратиме надежта, ќе го вратиме достоинството на граѓаните, ќе ги изградиме разрушените институции, ќе ја вратиме надежта за правда, надежта за создавање еднакви можности за сите граѓани.

Одговорноста е на политичарите, но и на сите граѓани.

Сите заедно да се избориме за подобро утре и за достоинствен живот.

Важно е да се обединиме, затоа што само обединети ќе можеме да ја направиме Република Македонија достоинствено и убаво место за живеење.

Важно е да има промени,

важно е да ја вратиме државата на граѓаните!



Автор: Администратор
Објавено на: 29/02/2024 20:20