Женската ракометна репрезентација претрпе пораз од Шпанија со 31:19 (17:11) на средбата која вечерва се одигра во СЦ „Борис Трајковски“ во рамките на квалификациите за Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во Австрија, Унгарија и Швајцаријa.

Во третиот меч од квалификациите, за женската ракометна репрезентација ова беше прв пораз.

Шпанките беа доминантни на теренот во Скопје, а нашите ракометарки пружија слаб отпор и на крајот беа убедливо поразени.

Барбоса беше најпрецизна со 7 гола за победничиот тим, додека за македонската репрезентација Ристовска со 6 гола беше најдобар стрелец.

Двете селекции повторно ќе се соочат во Ланзароте на 3 март.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2024 04:22