Црногорската авиокомпанија „Ер Монтенегро“ вечерва соопшти дека сообраќајот на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград е прекинат поради дојава за бомба во авион на „Ер Монтенегро“.

„Дојвата за бомба се случила во моментот кога авионот бил на земја. Авионот го проверуваат безбедносните служби на Република Србија, а патниците и екипажот ќе бидат на безбедно додека не се извршат сите потребни контроли, соопштено е од компанијата „Ер Монтенегро“, пренесуваат црногорските медиуми.

Додаваат дека безбедноста на патниците во ниту еден момент не била загрозена



Автор: Администратор
Објавено на: 01/03/2024 04:24