Тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ, најави дека белградскиот тим е последен што го предводи во својата импозантна кариера.

„Горд сум и среќен што сум тренер на Партизан. Немам дилеми каква ќе биде мојата иднина“, рече Обрадовиќ на прес – конференција во Белград, по синоќешниот триумф на „црно – белите“ над Ефес од 100-90 во рамки на 27 коло во Евролигата.

Навивачите на Партизан му приредија величествен пречек на Обрадовиќ пред натпреварот, а тој изјави оти е горд на симпатизерите кои истакнаа транспарент со порака оти искусниот стратег е еден од нив.

„Поддршката од навивачите ми значи многу. Оваа традиција мора да продолжи. Срцето ми е полно кога гледам толку многу деца во салата. Многу сум горд на тоа, се раѓа нова генерација навивачи на Партизан. Себе си не се гледам на ниту едно друго место освен во Партизан. Или ќе останам тука, или повеќе нема да работам“, порача Обрадовиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 03:32