СДС планира да го носи народот во ЕУ, со лица како Александар Филев, познат нивни активист од Радовиш, а воедно и директор на тамошниот меѓуопштински центар за социјални работи, кој е поставен таму, лично од Јована Тренчевска.

Истиот Александар Филев, на 17-ти овој месец, беше приведен во Штип, од службеници од одделот за недозволена трговија со дрога и оружје, поради тоа што, кај него, била најдена и одземена дрога.

Бидејќи од СДС не се оградуваат од Александар Филев, треба да дадат одговор, дали пронајдената дрога има врска со високи функционери од власта и кого сакаат да заштитат?

Овој хаос ќе престане за неколку месеци. Државата мора да се врати кај народот и повторно да имаме функционална држава.

Никогаш не било полошо! Важно е да ги поразиме!



Автор: Администратор
Објавено на: 02/03/2024 03:59