Македонската женска ракометна репрезентација претпладнево отпатува за Шпанија каде утре во градот Ланзароте го игра четвртиот натпревар во рамки на квалификациската група 5 за пласман на Европското првенство.
Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски во четвртокот во Скопје беа поразени од утрешниот противник со 19-31, но и покрај поразот имаат реални шанси за пласман на завршниот турнир.
Дуелот во Ланзароте е со почеток во 18 часот.
Македонските ракометарки се второпласирани во групата со четири бодови, два повеќе од Азербејџан на третото место. Шпанија е лидер со максимални шест бодови, а Литванија е последно пласирана со три порази по воведните три кола.