Холанѓанецот Макс Ферстапен (Ред Бул) победи попладнево на првата трка од новата сезона во Формула 1 што се возеше за Големата награда на Бахреин.
Актуелниот светски првак беше во водство на патеката Сакир од самиот почеток до целта, триумфирајќи пред клупскиот колега Мексиканецот Серхио Перез, додека третото место го освои Шпанецот Карлос Саинц (Ферари).
Ферстапен заработи и дополнителен поен за најбрзо извозен круг.
За Ферстапен ова е втора победа во Бахреин, а во вкупно 55 во кариерата, со што е трет на вечната листа на која води Британецот Луис Хамилтон (Мерцедес) со 103 победи.
Следната трка на програмата е идната сабота за Големата награда на Саудиска Арабија во Џеда