Пред повеќе од година дена, со „Ѕвездо моја“ Артист Бенд зачекорија во авторското музичко творештво.
Покрај многубројните препеани кавер верзии на македонски, балкански и светски хитови - тие го најавуваат нивниот втор авторски проект.
Но, тоа не е сѐ! Имаат нов член. Станува збор за тапанарот Душан Ангеловски.
Како ќе звучи бендот во овој состав, останува да слушнеме, а во меѓувреме потсетете се на „Ѕвездо моја“.