Бостон селтикс синоќа го совлада тимот на Голден Стејт вориорс со 140:88. Селтикси поставија рекорд во НБА со третата победа сезонава со 50 или повеќе поени и ја продолжија победничката серија на 11 натпревари.

Воедно, за Бостон селтикс победата со 140:88 е трета во историјата на тимот во НБА-лигата со таква разлика.

Домаќините на натпреварот во „ТД Гарден“ на полувреме водеа со 44 поени (82: 38) на полувремето и ја зголемија разликата на 51 на почетокот на третата четвртина пред главниот тренер Џо Мазула да им даде шанса на кошаркарите од клупата.

Селтикси ги совладаа своите противници со просечна разлика од 22,1 поен во последните 11 натпревари, што е најдобра серија од 10 или повеќе победи во една сезона во историјата на НБА.

Бостон е лидер на табелата во Источната конференција со 48 победи и 12 порази, додека Голден Стејт со биланс 32 победи и 28 порази е на 9.место во Западната конференција.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/03/2024 10:48