Кошаркарот на Феникс санс, Девин Букер, ќе мора да мирува најмалку седум до 10 дена поради истегнување на зглобот на десната нога, објави „Атлетик“.

Четирикратниот учесник на НБА Ол-стар се здоби со повреда на крајот на саботниот натпревар против Хјустон рокетс, во кој Санс на домашен терен загубија со 109:118.

Феникс беше во одбрана кога Букер се сопна од ногата на соиграчот Ројс О'Нил.

Поради повредата, еден од најдобрите кошаркари на Феникс не играше во неделата во поразот од Оклахома Сити тандер со 110:118.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/03/2024 23:38