Песната на Џејмс Блант „You're Beautiful“ многумина ја бираат за прв танц на својата свадба. Сепак, пејачот кој неодамна наполни 50 години, во новото интервју за „Хафпост“ (HuffPost) објасни дека тоа е ужасен избор.

- Сите велат: „Ах, каква романтична песна. Сакам 'You're Beautiful' да ни биде првиот танц“. Токму тоа ќе ги зафркне тие луѓе. Јас не сум романтичар, ниту пак, тоа е нежна, романтична, е**на песна!, нагласи Блант.

Имено, кажано од самиот автор на песната - таа раскажува за маж кој демне туѓа жена во метро.

- Се работи за дечко кој издрогиран стои во метро и демне туѓа девојка додека нејзиното момче е токму таму пред него. Треба да го затворат или да го стават во затвор тој перверзник!, истакна британскиот поп-пејач.

Песната важи за најуспешен хит на Блант. Пред скоро 20 години, оваа нумера го запоседна првото место на топ-листите во Велика Британија, САД, Австралија и низа други земји ширум светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2024 05:18