За бебињата, стручњаците вообичаено препорачуваат внесување месо во исхраната дури кога малечкото ќе го достигне седмиот или осмиот месец. И, најважно е тоа да оди постепено, прво како мал дел од оброкот. Се зема мало парче месо, сварено, и се сечка заедно со зеленчукот за бебето.

Во никој случај не се препорачува да му се даде одеднаш цела тегла мелено месо на бебето, или како „чист“ оброк. Во почетокот, тоа треба да биде само малку месо - еднаш или двапати во седмицата, наведува босанскиот портал „Аваз“.

Месото содржи масти. За разлика од млекото, од коешто маснотиите може целосно да се извлечат, тоа не може да се направи со месото. Дури и посебно избраното „посно“ месо содржи најмалку седум отсто маснотии.

Освен тоа, месото е полно со протеини и железо, но нема влакна. Поради тоа, минувањето низ желудникот и цревата оди многу побавно



Автор: Администратор
Објавено на: 06/03/2024 05:18