Здравството во Кичево е во очајна и незавидна положба. Над 60.000 жители кои гравитираат околу кичевската болница, секојдневно се соочуваат со руинирани простории стари и на 70-тина години, во кои не можат да ги добијат и најосновните здравствени услуги.
Новите објекти од новата болница во Кичево се уште се на нивото кое го остави претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ. Министрите за здравство во владата на Зоран Заев и Димитар Ковачевски ветуваа дека во нивниот мандат болницата ќе биде пуштена во употреба.
На 22 септември 2017-тата година, тогашниот министер за здравство при посетата на болницата во Кичево вети дека владата на Заев обезбедила средства за финална доизградба на новата болница и дека кичевчани ќе користат здравствени услуги во новата болница веќе од март или април 2019-та година.
Не само што не е готова, туку воопшто и не почна никаква доизградба, а каде отидоа обезбедените средства може само да претпоставувате.
Да не биде само една лага, на 12-ти февруари 2018 година, кога веќе немаше ништо од претходното ветување, стигна новата лага од државниот секретар во министеството за здравство, Владимир Милошев, кој при посетата на кичевската болница вети и излажа дека обезбедиле 5 милиони евра и дека во април или мај 2018-та година ќе започне да работат и истата ќе биде готова во рок од две ипол години, односно некаде кон крајот на 2021 година како што можеме да видиме и од ова ветување и од овие средства нема ништо. Министрите се менуваа, изведувачите и тендерите, но никој од нив не зборувал и ветувал за доброто на граѓаните. Сведоци сме на ужасната слика од самото место на кичевската болница, која очигледно има улога да биде само засолниште на кучиња скитници.
Граѓаните на Кичево се разочарани од условите во старата болница кои се катастрофални, стари објекти со стара апаратура која многу често е вон употреба па мораат да патуваат дури до Скопје или Охрид и за обичен преглед. Наместо нова современа болница, граѓаните на Кичево бараат здравствена помош на место кое наликува на напуштен објект, необезбеден од никого, каде секој може да влезе и да направи штета.
Сега сме 2024 година. Господа од власта, времето ви истече. Немате повеќе право да ги лажете кичевчани и да си поигрувате со нивното здравје и безбедност. Вашите лаги се прочитани, кичевчани не веруваат во ниту еден ваш збор, кој никогаш и не бил во интерес на граѓаните. Затоа, на претстојните претседателски и парламентарни избори ќе се соочите со тежок пораз од граѓаните, а ВМРО-ДПМНЕ со својата програма која ќе ја понуди ќе успее да ја финализира и заврши изградбата на кичевската болница, на задоволство на сите вработени и сите граѓани на општина Кичево!
Овај пат гласот на граѓаните нема да биде оставен само на парче хартија на денот на изборите. Ќе биде слушнат и ќе бидат понудени конкретни решенија, а Кичево ќе биде градот каде најтоплотсонце ќе огрее на пролет, кога сите Македонци ќе бидеме на нозе и ќе го уништиме ова зло.
Никогаш не било полошо, затоа важно е да ги поразиме и да си ја вратиме државата, сите заедно!