Избришаните сцени од филмови најчесто бидуваат објавени во колекционерските изданија. Сепак, „Дина 2“ (Dune 2) нема да биде таков случај. Имено, режисерот на новата тричасовна епска сага, Денис Вилнев неодамна за „Колајдер“ (Collider) изјави дека избришаните сцени нема да ѝ бидат достапни на јавноста.
- Сметам дека сè што не е во филмот - не постои! - Понекогаш исфрлам сцени и велам: „Не ми се верува дека ќе го исфрлам ова.“ Се чувствувам како самурај кој „сам си ги отсекува своите црева“, а тоа е болно. Затоа потоа не можам туку така да се вратам и да го направам „Франкенштајн“ со оживување на нешто што сум го убил. Премногу е болно. Кога нешто е мртво, тоа е мртво со причина... Но, тоа е моја работа. Филмот има предност. Јас сум многу строг во редакцијата. Не размислувам за себе, туку на филмот, појасни Вилнев.
Меѓу избришаните се и единствените две сцени со ликот Туфир Хават (глумен од Стивен Меккинли Хендерсон) од првиот дел од „Дина“.
- Меѓу најболните одлуки за мене беше исфрлањето на Туфир Хават. Тој е лик што најмногу го сакам, но уште од самиот почеток решив дека ова е адаптација на Бене Гесерит. Тоа значи - „Ментатите“ не се присутни колку што треба, но таква е оваа адаптација, додаде режисерот.
Инаку, друг глумец чии сцени беа избришани е Тим Блејк Нелсон. Иако тој е разочаран што неговите сцени се исклучени, тој се радува на идна можна соработка со Вилнев.
- Мислам дека не можам да кажам за каква сцена се работи. Дени може да зборува за тоа ако сака. Прекрасно се забавував додека ја снимав таа сцена, а потоа Дени ја избриша бидејќи мислеше дека филмот е предолг. Скршен сум поради тоа, но не можам против него. Ми се допадна искуството и едвај чекам повторно да работам со него, што дефинитивно планираме да го направиме, изјави Нелсон
„Дина 2“ излезе на 1 март и засега има висока оценка 9 / 10 на ИМДБ, а на „Ротен томатос“ го препорачуваат 94 отсто од критиката и 95 отсто од гледачите