„На овие избори ќе се увиди како се цепи гласачкото тело на СДС, и дефинитивно целото граѓанско незадоволство ќе се одрази на нивните резултати. Голема поддршка на овие избори има ВМРО-ДПМНЕ. И мислам дека СДС ќе има многу полош резултат од најлошиот резултат на Радмила Шеќеринска од 2008 година“, истакна Владимир Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ во „24 анализа“ на ТВ24.

„СДС прави голема грешка кога го множи македонскиот народ со нула. Мислам дека тоа што му го прави на македонскиот народ со години веќе нема да помине. И она што ќе се случи на овие избори е тоа дека македонскиот народ референдумски, масовно ќе ја собори Владата на Димитар Ковачевски, Зоран Заев и сите оние нивни можни и неможни коалиции кои што беа на штета на Македонија изминативе години“, појасни тој.

Ѓорчев додаде дека незадоволството кај сите граѓани во Македонија е доста големо. Така што СДС и нивната коалиција на овие избори убедливо ќе изгубат и разликата ќе биде доста голема.

„Јасна е стратегијата на СДС, тоа е нели откако ќе заврши изборната утакмица со сите можни византиски политики, со сите можни отстапки, со сите бришења на црвени линии, со сите можни удоволувања на ДУИ некако да направат Влада, некако да ја залепат работата, а штетата за Македонија и македонските граѓани да биде овој пат трајна. А, тоа не смееме да им го дозволиме, мора референдумски да се излезе на избори. И таа промена се чувствува во воздухот“, укажа Ѓорчев.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ оди на 61 пратеник.

„Одиме на 61 пратеник апсолутно. Ни треба стабилна Влада, ни треба Влада која што нема да може да биде соборена после година, две или три, туку ни Влада која што ќе биде стабилна четири години“, потенцираше тој.

„Последиците од овој пепел кој што и се случи на Македонија мора да се санираат, затоа што сега дупката е голема“, појасни Ѓорчев.

Тој потсети дека овие избори наликуваат на локалните избори од 2021 година кога ВМРО-ДПМНЕ убедливо победи.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/03/2024 04:28