Седумкратниот светски првак Рони О’Саливен инкасираше сезонава над 1.1 милион фунти од награди на турнири, што е рекордна заработувачка за една сезона вo снукер.

О’Саливен оваа сезона освои пет турнири, што му успеа втор пат во 32-годишната кариера, и заработи вкупно 1.141.500 фунти.

До крајот на сезоната преостануваат уште три турнири кои ќе бидат можност О’Саливен да заработи уште повеќе во 2024 година.

О’Саливен во средата го освои мастерсот во Саудиска Арабија и инкасираше 250.000 фунти, совладувајќи го во финалето актуелниот светски шампион Лук Бресел.

Освен титулата во Ријад, седумкратниот светски првак оваа сезона ги освои и мастерсот во Шангај, Отвореното првенство на Велика Британија, Мастерсот и Светскиот Гран при.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/03/2024 04:25