Во денешното гостување во емисијата „Детектор“ на телевизија Сител гостуваше пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Миле Лефков, тој посочи дека со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски се видел еден реален однос кон граѓаните.
„Конечно со техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски видовме еден реален однос кон граѓаните. Престанаа практично да се манипулираат граѓаните, престанаа оние замајувања на граѓаните дека ќе се менуваат тогаш ќе стигне затоа што дојде денот кога практично се случи крајот на лагата на СДСМ и на нивните тези кои ги пласираа, па по негова иницијатива дојде и предлог законот за измена за исправите за јавниот сообраќај и за измените во изборниот законик кои ги донесовме консензуално, меѓутоа остана уште овој за патните исправи“, кажа Лефков.
Тој продолжи и додаде дека од страна на власта имало фама и лажни изјави и ја потсети јавноста за изјавите на владиниот портпарол Миле Бошњаковски.
„Ако зборувате за фама и за лажни изјави тогаш ајде да се потсетиме на изјавите на портпаролот на владата Миле Бошњаковски кога застана на официјално место пред сите национални телевизии и ги убедуваше граѓаните дека нема потреба да се прави гужва за промена на документи“, кажа Лефков.
Тој истакна дека најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт.
„Најважното системско решение во моментов е да се тргне и промени оваа власт затоа што навистина неодговорно се раководат институциите. Гледаме дека над 75% од граѓаните не се задоволни од она како се врши промената од страна на институциите. Апсолутно треба да се воведе систем на одговорност, меѓутоа мора да ги повикаме и оние кои можат тоа да го спроведат. Се покажа дека не може оваа власт предводена од СДСМ и ДУИ дека не може да го стори тоа, самиот однос дека виновни се граѓаните ни прави дополнителни штети. Мораме во фокус да го ставиме граѓанинот и интересите на граѓанинот, никако не смее да бидат обвинувани граѓаните затоа што нешто пропуштила да го направи државата“, заклучи Лефков.