Ракометарките на Ѓорче Петров попладнево се поразени од Елче на гостувањето во Шпанија со 36:21 во првиот натпревар од четвртфиналната пресметка во ЕХФ Купот.

Поразот за македонскиот претставник се наѕираше веќе на полувремето кое Шпанките го решија во своја полза со 14:10. Сепак двоцифрен убедлив пораз ѓорчепетровки не заслужија со оглед на тоа дека на петнаесетина минути до крајот имаа само три гола негатива (18:21).

Реваншот е закажан по седум дена во Скопје. За македонскиот остануваат само теоретски шанси за пласман во полуфиналето.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 00:43