Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид го претрпе вториот пораз во низа, откако вечерва загуби од Вардар со 27:23.

Дербито на 5. коло во Суперлигата одиграно во салата „Автокоманда“ беше решено уште по првото полувреме кое Вардар го доби со 16:8.

алкалоид вардар миа

Вторите 30 минути црвено-црните ги одиграа рутинирано и не му дозволија на домашниот тим да се доближи на помалку од четири гола.

Најефикасен на натпреварот беше Мартин Серафимов со осум голови, од нив седум постигнати од пенал. Во победничкиот тим голманот Мартин Томовски имаше 14 одбрани, најефикасен беше крилото Срдановиќ со седум погодоци.

На табелата лидер е Еурофарм Пелистер со 17 бодови, Охрид има 14, Вардар и Алкалоид по 12, Тиквеш 10, Бутел 4, Пролет 3, Струга е последна без освоен бод



Автор: Администратор
Објавено на: 11/03/2024 04:44