Нема кој не ја слушна срамната изјава на Стево Пендаровски дека Гоце Делчев се декларирал како Бугарин. Тој тоа го направи на своја рака, без никаква консултација со експертите и историчарите. Правејќи се голем авторитет, лекомислениот и кусогледиот Пендаровски им наштети на македонските позиции. Неговата изјава експресно се прошири во Софија, особено во негаторските кругови и истата беше користена како аргумент.
Пендаровски постапи како да е член на историската комисија, ама од бугарската страна. Неговата катастрофална изјава нанесе невидена штета. Оваа изјава со која Пендаровски си зема право да му дава бугарско етничко потекло на Гоце Делчев по ништо не се разликува од ставовите на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев. Овој човек кој важи за еден од најголемите негатори на македонскиот идентитет му давал политичка поддршка на Стево Пендаровски во 2019 година (според личното признание на Пендаровски).
Дали Пендаровски за да му се заблагодари на Ковачев за политичката поддршка ја даде оваа штетна изјава дека Гоце Делчев е Бугарин?
Дали Пендаровски овој став за Гоце Делчев го стекнал контактирајќи со Андреј Ковачев ? Знае ли Пендаровски дека оваа изјава е една од многуте негови стратешки грешки