Кејт Мидлтон, принцезата од Велс, за првпат проговори откако во јавноста беше објавена фотографија од неа и нејзините деца, која агенциите ја повлекоа поради сомневање дека е монтирана.
- Како и многу фотографи аматери, повремено експериментирам со монтирање. Сакам да го изразам моето извинување поради конфузијата што ја предизвика семејната фотографија што ја споделивме вчера. Се надевам дека сите што слават имаа среќен Ден на мајката, порача Кејт Мидлтон.
Повеќе светски агенции ги повикаа медиумите да ја „избришат“ фотографијата од нивните системи и архиви откако сликата беше објавена во неделата.
Тие наведоа дека фотографијата покажува „недоследност во порамнувањето на левата рака на принцезата Шарлот“. Според агенциите, фотографијата имала многу „нелогичности“ поради што е разумно да се сомнева дека е исценирана