Погрешната и девастирачка политика на СДС и ДУИ во овој момент води само до избори. А, за избори покрај реалноста која потврдува дека во Македонија никогаш не било полошо, ВМРО-ДПМНЕ нуди нова шанса за подобра иднина.
Новиот концепт за развој на образованието е нов развоен модел кој подразбира инвестиции во основното, средното и високото образование.
Во процесот на реорганизација на Владата каде што планираме фундаментални реформи кои ќе одговорат на современите текови, претшколската едукација односно градинките ќе ги вратиме онаму каде што припаѓаат, во рамките на министерството за образование и наука. Понатаму, новиот концепт за развој на образованието предвидува мотивација на наставниот кадар односно за секој оној наставно образовен кадар на високо образовните институции кој што ќе објави труд во списание со фактор на влијание, тогаш следната година државата ќе одвои дополнителни 50% секој месец за неговата плата. Дополнително, како идна влада ветуваме дека политиките во ресорот образование ќе овозможат Македонија да има најмалку еден универзитет на Шангајска листа меѓу првите илјада, како и секое дете да има учебник. Исто така, ќе воведеме нови наставни програми за учениците, а ќе отвориме и три регионални центри за средно стручно образование. Конечно ќе ги изградиме ФИНКИ и ФФК и ќе ги подобриме условите во студентските домови кои со власта на СДС и ДУИ станаа симбол на нехуманост и катастрофални услови.
Почитувани,
СДС и ДУИ го урнисаа образованието. Затоа важно е да ги поразиме, и време е за промени!