Објавен е тестаментот на глумецот и комичар Метју Пери. Според документите до коишто дошло списанието „Пипл“ (People), Пери ќе го остави „поголемиот дел од своите работи“ на фондацијата „Алви Сингер ливинг траст“, што тој ја основал и го носи името на главниот лик од филмот на Вуди Ален - „Ени Хол“ од 1977 година. Метју го составил својот тестамент во 2009 година.

Таткото на американскиот глумец - Џон Пери и мајка му Сузан Морисон се именувани како корисници на фондацијата. Како корисници се наведени и неговата полусестра Кејтлин Морисон и поранешната девојка Рејчел Дан. За извршители на тестаментот ги назначил Лиза Фергусон и Робин Рузан. Но, Рузан се откажа од оваа должност, па Фергусон ќе треба да се појави сама во Врховниот суд во Лос Анџелес.

Во тестаментот се посочува дека децата кои Пери можеби ќе ги има по 2009 година нема да имаат експресно право на неговото богатство. Глумецот сепак немаше деца.

Документите, исто така, посочуваат дека ѕвездата од хит-серијата „Пријатели“ имал повеќе од милион долари лични средства кога умрел. Тој милион долари не е ограничен само на накит, мебел, уметнички дела и автомобили.

Метју Пери почина на 28 октомври 2023 година во својот дом во Лос Анџелес. Имаше 54 години. Аутопсијата подоцна утврди дека смртта на глумецот била предизвикана од акутни ефекти на „Кетамин“ и давење.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 05:23