Во 2024 година, Западен Балкан веројатно ќе се соочи со зголемен ризик од меѓуетничко насилство. Ова се наведува во оценката на американската разузнавачка заедница во годишниот извештај за закани 2024 година.

-Националистичките лидери веројатно ќе ги влошат тензиите за своја политичка корист, а надворешните актери ќе ги засилат и користат етничките разлики за да го зголемат или заштитат нивното регионално влијание или да спречат поголема интеграција на Балканот во ЕУ или евроатлантските институции, предупредуваат експертите.

-Судири меѓу српските националисти и косовските власти кои резултираа со смртни случаи и повредени, вклучително и повреди на мировниците на НАТО, во 2023 година, кога група вооружени Срби влегоа во северно Косово и убиле косовски полицаец. Лидерот на босанските Срби Милорад Додик презема провокативни чекори за да го неутрализира меѓународниот надзор во Босна и да обезбеди де факто отцепување на неговата Република Српска. Неговите постапки може да ги поттикнат водачите на босанското муслиманско население да го зајакнат сопствениот капацитет за заштита на нивните интереси. Ова може да доведе до насилни конфликти кои би можеле да ги совладаат мировните сили, се наведува во документот.

Се додава дека превирањата меѓу државата, без разлика дали се предизвикани од внатрешни немири, економско незадоволство или предизвици во управувањето, може да поттикнат циклуси на насилство, бунт и внатрешен конфликт, како и дека педизвиците често се испреплетени со влошени социо-економски резултати, широко распространета корупција, раселување на населението, притисоци и ширење на екстремистички идеологии од терористички и бунтовнички групи.

Во текот на изминатата деценија, ерозијата на демократијата ширум светот, тензиите во сојузите на САД и предизвиците на меѓународните норми им отежнаа на САД и нивните сојузници да се справат со глобалните проблеми, истовремено создавајќи поголеми можности за непријателските влади и групи да работат со неказнивост.

Регионалните сојузници на САД во НАТО на Западен Балкан ги вклучуваат Северна Македонија, Хрватска, Албанија и Црна Гора.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2024 15:37