Прославениот српски кошаркар Дејан Бодирога денеска доби нов четиригодишен мандат како претседател на Евролигата, објавено е на веб-страницата на натпреварувањето.
Бодирога (51), стана претседател на Евролигата во септември 2022 година и веднаш направи неколку важни промени. Евролигата ги откажа натпреварите за време на квалификациските прозорци на ФИБА, што придонесе играчите од клубовите од Евролигата да можат да играат за националните тимови.
Освојувачот на пет златни медали со Југославија (два светски и три европски) и по еден сребрен (Олимписки игри) и бронза (ЕП) за новиот мандат ја доби поддршката од сите членови на Бордот на Евролигата.
Заедно со Бодирога, извршниот директор Паулиус Мотијунас доби нов четиригодишен мандат.
- Под нивно водство, Евролигата започна клучни иницијативи: генерирање поголем интерес од кога било за дигиталните платформи и телевизијата; поставување нов рекорд на посетеност за навивачите кои ги полнат салите; одржување редовни контакти со различни засегнати страни за да се дојде до прифатливи решенија за доброто на кошарката; идентификување можности за соработка на нови пазари надвор од паневропскиот екосистем, стои на официјалната веб-страница на Евролигата