Позади мене се наоѓа мостот во Македонски Брод, кој е дел од регионалниот пат и ги поврзува Кичево и Прилеп.

Како што може да забележите, мостот е во лоша состојба, за што истото го констатираше и СДС во 2017та година, го стави во нивната програма и го нарече НЕБЕЗБЕДЕН за пешаци и беше клучен проект за Македонски Брод со ветено санирање и проширување до 2019та година.

Покрај за пешаци, под име БЕЗБЕДЕН МОСТ НА ТРЕСКА за поврзување на двете страни на градот, ветуваа и дел за велосипеди.

Ако и самите не веруваат, може да си проверат.

Денес е 13ти март, 2024та година. Од овој проект не видовме буквално ништо! Согласно Програмата на Јавното претпријатие за државни патишта за 2021ва година се одвоени средства за изработка на проектна документација и реконструкција на градскиот мост во Македонски Брод.

ПРАШУВАМЕ КАДЕ ЗАВРШИЈА ПАРИТЕ?

Зошто СДС и ДУИ ги стопираа или пренасочија овие одобрени средства? Каде е исполнувањето на ова ветување? Каде е велосипедската патека, а каде е безбедниот мост за пешаци?

Ние сеуште чекориме по истиот мост за кој СДС кажа дека не е безбеден и каде со прст не мрдна за нешто да сработи.

СДС и ДУИ не заслужуваат никаква доверба од граѓаните на Македонски Брод. Мостот е само едно од низата неостварени проекти нс СДС.

ВРЕМЕ Е ДА НАПРАВИМЕ ИЗБОР! ИЛИ ХАОС ИЛИ РЕД! НИКОГАШ НЕ БИЛО ПОЛОШО! ВАЖНО Е ДА ГИ ПОРАЗИМЕ!



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 04:15