Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски за време на посетата на општина Василево истакна дека имајќи предвид дека станува збор во земјоделски крај очигледна е исклучително лошата состојбата во земјоделието во изминатиов период, а политиките на владата демотивираат се повеќе земјоделци.

- Гледаме една катастрофа и само за 5 до 6 години се преполови обработливото земјиште во државата. Тоа е пред се резултат на лошите политики во делот на субвенционирање, се промени целосно начинот што демотивираше голем број земјоделци да работат. За жал голем дел од нив видов во Швајцарија при мојата посета кај нашата дијаспора, изјави Николоски.

Николоски додаде дека тие земјоделци кои се од овие краиште наместо да си гледаат среќата во својот дом, иселени се во странство.

- Состојбата е катастрофална, иселувањето е масовно и тоа е нешто на кое интензивно ќе работиме после парламентарните избори, нагласи Николоски.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 14:57