Над десет возила, меѓу кои училишни минибуси, автомобили и мотоцикли, во текот на ноќта биле запалени во атинска населба, од засега непознати лица, кои веројатно ги полеале со запалив материјал, јави дописничката на МИА од Атина.

Противпожарната служба на Грција, со 12 пожарникари и четири возила интервенирала за гаснењето на пожарот на пет училишни автобуси, три автомобили и три мотоцикли, кои целосно изгореле, а била предизвикана материјална штета и на други паркирани автомобили.

Неофицијално, возилата биле паркирани пред приватно училиште, во чија сопственост се и минибусите што целосно изгореле.

Потпалувањето беше во атинската населба Зографу во близина на Универзитетскиот кампус, а ова беше втор случај во истата област во изминатите пет дена, откако во текот на ноќта во неделата маскирани лица предизвикаа инциденти со полицијата и запалија паркирани возила



Автор: Администратор
Објавено на: 14/03/2024 15:49