По налог на Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција, уапсен е директорот на Агенцијата за државни патишта на Албанија, Евис Бербери и три други лица.
Според СПАК, Бербери е обвинет за корупција и перење пари.
Тој пред неколку дена поднел оставка од оваа функција, со образложение дека тоа е од лични причини. Пред тоа бил извршен претрес во неговата куќа од каде биле изземени компјутер, мобилен телефон и документи.
Обвинет е за настан од 2018 година, пред Бербери да влезе во Министерството за инфраструктура и енергетика и да биде на чело на Агенцијата.
- Од истрагите на Обвинителството се работи за перење пари и корупција. Приведени се и други лица и бизнисмени кои вршеле перење пари. Станува збор за настан во 2018 година, кога Бербери беше сопственик на фирма пред да влезе во Министерството за инфраструктура. Извршена е фиктивна продажба каде се сомнева дека вршеле перење пари, наведуваат албанските медиуми.
Дел од медиумите неговото име го поврзуваат и со неправилности во спроведувањето на тендери за изградба на патишта.
Бербери беше назначен за директор на Агенцијата за државни патишта во јуни 2021 година.