Нашите граници ќе станат уште побезбедни, источната европска граница за која Грција е одговорна сè повеќе се заштитува и е апсолутно безбедна, порача грчкиот министер за заштита на граѓаните Михалис Хрисохоидис при неговата посета на оградата во Еврос на копнената граница со Турција, јави дописничката на МИА од Атина.
Оградата се проширува за дополнителни 35 километри, Хрисохоидис истакна дека набргу ќе биде во должина од 70 километри, а во потоа ќе продолжи изградбата до северната граница, „така што целата граница на Еврос ќе биде покриена“, а воедно, како што рече се работи и на проектите за електронски надзор на границата.
Во однос на мигрантските бранови во јужниот дел на земјата, истакна дека „нестабилноста во регионот е фактор што треба да нè загрижува“, но и дека е неопходна будност и внимателност на европско ниво.