Кристи Бринкли имала рак на кожата. Супермоделката особено позната во 80-тите и 90-тите ја сподели веста за својата дијагноза на Инстаграм, објаснувајќи дека била оперирана поради карцином на базалните клетки.
„За среќа, лекарите рано го открија. И имав врвни лекари кои веднаш презедоа мерки за лекувањето. Кога отидов на преглед, докторот ја гледаше секоја пега на моето лице. Не сакав да кажам ништо, но на крајот го прашав дали може да погледне мала точка што ја почувствував при нанесување пудра. ја погледна и веднаш знаеше дека треба да се направи биопсија“, објасни манекенката.
Бринкли се појави во светот на модата во 70-тите, и со десетлетија важеше за ѕвезда на насловните страници на бројни модни списанија, како и на ревии на познати дизајнери. Ја сметаа и сметаат за една од најубавите жени на светот. Минатиот месец таа наполни 70 години.
- Сакам да прифатам „некои“ брчки. Така му приоѓам на стареењето. Мислам дека 70-тите се многу слични на 50-тите, бидејќи тоа е време кога гледате наназад и напред. Како и кога ќе наполнивте 50, „маршот“ до 70 години имаше одредена тежина, изјави Кристи во една пригода.