МИОА објавува јавен повик до сите дигитални иновациски хабови во Република Северна Македонија кои се заинтересирани да учествуваат на повикот од програмата Дигитална Европа за Network of European Digital Innovation Hubs – Associated Countries.

Сите заинтересирани да достават најдоцна до понеделник, 18 март 2024 година, елаборат во кој ќе одговорат на следните критериуми, како и критериумите поставени во повикот од Дигитална Европа:

човечки и финансиски ресурси

технички капацитети (опрема)

искуство на претходни проекти

Тестирање пред инвестирање (test before invest) кое се фокусира на поддигнување на свесноста, проценка на дигитална зрелоста, визија за дигитална трансформација, поттикнување на интеграција и прилагодување на различни технологии, трансфер на знањењ и технологија со посебен фокус на клучните технологии промовирани во програмата за Дигитална Европа т.е HPC и AI.

Вештини и обука кое се фокусира на промоција, хостирање или обезбедување на обуки, кампови за обука, стажирање, поддршка на имплементација на краткорочните курсеви за обука за напредни дигитални вештини (како дел од DEP Advanced Digital Skills pillar)

Поддршка за наоѓање инвестиции.

Иновативен екосистем и вмрежување со кое ќе се помогне на компаниите да стапат во контакт со други компании од нивниот синџир на вредности, со иноватори или клиенти кои сакаат да тестираат решенија.

Повикот чијшто краен рок е 10 април 2024, е достапен на следниот линк:

https://ec.europa.eu/info/funding-tenders/opportunities/portal/screen/opportunities/topic-details/digital-2023-edih-04-associated

Потребните податоци е потребно да ни се испратат на адресата dep@mioa.gov.mk, најдоцна до понеделник, 18 март 2024 година.

МИОА



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2024 15:40