Суперѕвездата на Далас Маверикс, Лука Дончиќ го пропушти натпреварот против Оклахома Сити Тандер, но магнетната резонанца не покажала сериозен проблем. Веста ја потврди тренерот на тимот Џејсон Кид.
Дончиќ не отпатува со тимот на натпреварот со Оклахома, кој Маверикс го загубија со 119-126. Словенецот го напушти теренот во победата над Голден Стејт Вориорс поради проблем во левата нога. Натпреварот Дончиќ го заврши со 21 поен, 9 скока и 3 асистенции, со што ја прекина серијата од 7 последователни натпревари со „трипл-дабл“.
За време на оваа серија, тој постави рекорди за најмногу последователни „трипл-дабл“ учиноци во кои постигна најмалку 35 поени (5 пати) и најмалку 30 поени (6 пати).
Според Џејсон Кид, состојбата на бекот ќе биде повторно проценета во текот на викендот. Тимот во недела игра на домашен терен против Денвер