Претседателот на Еврогрупата и ирски министер за јавни расходи и реформи Паскал Донахју денеска ќе престојува во Софија на средби со претставници на бугарскиот државен врв.

Според најавата, предвидено е Донахју да има средби со бугарскиот претседател Румен Радев, со премиерот во оставка Николај Денков и министрите за надворешни работи и за финансии, Марија Габриел и Асен Василев.

Главните теми на разговорите ќе бидат напредокот на Бугарија во исполнувањето на условите за пристапувањето кон Еврозоната, како и општата економска перспектива на земјата.

Донахју, исто така, ќе учествува и на конференција на тема „Европскиот пат на Бугарија - Пристапување во Еврозоната, придобивките и предизвиците за бизнисите“.

Во пресрет на посетата Донахју изјави дека е особено задоволен што ќе може да престојува во Бугарија, земја која, како што рече, има јасна аспирации за членство во Еврозоната.

- Посетата ќе биде можност да се препознае важната работа што е направена во изминатиот период и да се разговара за напредокот, во очекување на скорото приклучување на Бугарија во Еврозоната , изјави Донахју.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2024 16:17