Припадници на Секторот за борба против дрога во грчкиот град Игуменица, утрово уапсила двајца полицајци и еден странски државјанин за поседување дрога, а кај едниот полициски службеник биле пронајдени над 100 килограми канабис, јави дописничката на МИА од Атина.

Како што соопштија од грчката полиција, во рамки на акцијата, еден од уапсените полицајци заедно со неговиот сопатник, странскиот државјанин се превезувале со службено возило и не запреле на знаците на полицајците, возачот продолжил да вози низ градот и застанал поради сообраќајна несреќа.

Во контролата што следела во возилото биле пронајдени и одземени 19 пакувања чист канабис со тежина од 102- килограми и 670 грама.

Полицаецот- возач бил на ноќна патрола, при што било констатирано дека и неговиот колега на смената е инволвиран, по што исто така бил уапсен.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 00:57