Дуелот од Првата македонска кошаркарска лига меѓу Чаир 2030 и МЗТ Скопје Аеродром, кој беше прекинат вчера поради вербачен напад врз гостински кошаркар од службено лице на домашниот тим, ќе се доигра во празна сала, со време и резултат од моментот на прекинот, одлучи денеска комесарот за натпревари на КФСМ.

Натпреварот во салата во Чаир во рамки на 20-то прволигашко коло беше прекинат на полувреме при резултат 44-42 за актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром.

Поради слаба организација на натпреварот, домашниот тим Чаир е казнат со 40.000 денари, а на техничкиот директор на клубот Алајдин Мустафа му е изречена парична казна во износ од 20.000 денари, како и забрана за вршење на должноста до крајот на тековната сезона.

Воедно, поради предизвикување прекин подолг од 15 минути, на МЗТ Скопје Аеродром му е изречена парична казна од 30.000 денари.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 04:51