Уште една дипломатска шлаканица од нашиот најважен стратешки партнер – САД. Партизацијата на судството има егзекутор и форма, се нарекува хоризонтална и вертикална ДУИ-зација на органите на правдата. Последниот ваков пример е оркестрираниот напад против претседателката на Врховниот суд, Беса Адеми, кој требаше да заврши со нејзиното отстранување. Мотивот на ваквиот партиски линч на ДУИ беше одбивањето да се создава законска основа за враќање на Груевски од Будимпешта. Нема правна држава, еднаквост пред законот и независна правда со Али и Дрин Ахмети, Бујар Османи и Артан Груби и нивните инсталирани кадри во праводуството. Токму затоа, после 8 мај, Коалицијата ВРЕДИ ќе ги создава сите потребни уставни и законски механизми за создавање на едно европско судство



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 15:26