Нов земјотрес со интензитет од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Црна Гора. Епицентарот бил на четири километри југозападно од Чараѓе, во општина Никшиќ, на границата со Босна и Херцеговина.

Институтот за хидрометеорологија и сеизмологија во Погорица сопшти дека земјотресот е регистриран во 6 часот и 11 минути, во епицентралното подрачја на Никшиќ на длабочина од 14 километри.

Земјотресот е почувствуван и во Мостар во Босна и Херцеговина, како и во крајбрежните градови во Хрватска.

Регионот на Никшиќ во четвртокот беше погоден од силен земјотрес со јачина од 5,3 степени според Рихтеровата скала.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 15:55