Конечно постигнат договор меѓу владејачките социјалисти и опозициските демократи - приврзаници на Сали Бериша, со што се става крај на нередите што опозицијата ги создаваше во албанскиот Парламентот.

Договорот го финализираа координаторот на демократите Газменд Барди и на социјалистите Бленди Чучи во присуство на претседателката на Законодавниот дом, Линдита Никола.

- По шестмесечна „војна" доаѓа „мир“ во Собранието. Звукот на свирежите и чадот од димни бомби повеќе нема да ги придружуваат пленарните седници, како што тоа беше случај од октомври минатата година. Од понеделник ќе се врати мирот во Парламентот, но и конфронтациите меѓу партиите, наведува Ора њуз.

Собраниските комисии кои досега се одржуваа онлајн само со присуство на социјалисти, сега, ќе се одржуваат со физичко присуство.

Потврда за тоа дојде од законодавната комисија, онаа за надворешна политика и за безбедност кои за понеделник закажаа седници.

- Првата пленарна седница без свирежи, димни бомби, физички напади и блокирање на собраниската говорница се очекува да се одржи во четврток на 21 март. На седница се очекува да биде формирана Комисијата за изборни реформи, која беше една од причините за нередите, наведува телевизијата.

Во текот на наредната недела се очекува да бидат објавени и имињата на претседателите и членовите на двете анкетни комисии, онаа за интервенции во ТИМС системот и договорите за концесии во здравството.

Исто така, СП и крилото на Бериша познато како „Обнова на ДП" , кое веќе е прифатено како политички фактор од мнозинството, се очекува да ги изберат имињата на поткомитетот за реформи, кој ќе го даде конечниот печат на изборната реформа.

Опозициските демократи имаат 55 пратенички места. Од нив само осум се со Љуљзим Баша, кој во судскиот регистер фигурира како лидер на ДП и чија група не ги поддржуваше сопартијците



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2024 21:06