Специјална платформа за пријавување на врсничко насилство, но и построги мерки за учениците кои малтретираат соученици, најави министерот за образование на Грција Кирјакос Пиеракакис во интервјуто за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА од Атина.
Пиеракакис истакна дека „феноменот на булинг се интензивира низ цела Европа, но и во целиот западен свет“ и токму затоа државата мора да интервенира.
-Наскоро ќе ја имаме платформата за регистрација на случаи со пријави кои нема да бидат анонимни. Прашање на неколку седмици е воведувањето на платформата. Преку неа родителите и учениците од средно училиште ќе можат да пријават конкретни инциденти со кои ќе управува училиштето. Првото управување со инцидентот ќе биде во рамките на училиштето, а за потешките инциденти ќе постојат научни комисии, објасни Пиеракакис.
Додаде дека ќе биде спроведена и кампања за справување со врсничкото насилство, а најави и промена во однос на казните.
За учениците кои ќе малтретираат врсници, одново ќе се воведе петдневна суспензија од училиште, а дополнително ќе се врати и поделбата на отсуството на неоправдано и оправдано.
Што се однесува до насилниците, министерот за образование на Грција објасни дека ќе има „олеснување во процеост на промена на училишната средина“.