Одиме на нови избори и тоа е нормалниот крај на еден ненормален договор. Ова на новинарите им го коментираше лидерката на „БСП за Бугарија“, Корнелија Нинова.

Таа изјави дека Парламентот е исцрпен и досега не се водени разговори за поддршка за втор мандат со „Продолжуваме со промените - Демократска Бугарија“.

„Овие луѓе веќе немаат морал да владеат“, додаде Нинова, осврнувајќи се на коментарите на ПП-ДБ и ГЕРБ-СДС дека тоа е битка за службите, за главниот обвинител, за судскиот систем.

„Ништо од политиката, ништо од луѓето, ништо од економијата, посочи Нинова.

Според неа, ПП-ДБ направиле едно од најголемите предавства во модерната политичка историја - ги излажале илјадниците кои биле на плоштадите и сакале вистинска промена.

„Ова не може да заврши добро. Ние од БСП имаме морално право да го кажеме тоа бидејќи бевме единствените во овие години што не се прегрнавме со мафијата, додаде таа



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 04:09