Кошаркарот на Феникс санс, Кевин Дурант, се искачи на 8. место во историјата на НБА-лигата по постигнати поени.

Триесет и петгодишниот Американец надмина 28.597 постигнати поени по денешниот натпревар против Филаделфија. Според овој индикатор, тој го престигна членот на кошаркарската сала на славните Шекил О'Нил.

Сега пред Дурант на вечната листа на стрелци се наоѓа Вил Чембрлен, кој кариерата ја заврши со 31.419 поени.

Лидер на листата поентери во НБА-лигата е кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс со 40.179 постигнати поени



Автор: Администратор
Објавено на: 21/03/2024 13:47