Холандија ќе го поддржи предлогот на Европската комисија за старт на преговорите за членство со Босна и Херцеговина, но во исто време пред да се усогласи преговарачката рамка земјата мора да ги спроведе сите неопходни чекори наведени во Извештајот на ЕК, изјави денеска холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на Самитот на ЕУ.
- Босна и Херцеговина постигна напредок за да го поддржиме отворањето на преговорите, но Европската комисија беше многу јасна дека БиХ мора да направи уште многу за да ги почне самите преговори согласно договорена преговарачка рамка, додаде Руте.
Тој изрази надеж дека БиХ ќе успее да го стори тоа и да спроведе најмалку пет од поставените 14 услови од листата наведена од Европската комисија.
- Тие се уште не се целосно исполнети, но тоа е доволно за да подржиме отворање на преговорите. Сепак потребно е да се направи повеќе за да ја усогласиме преговарачката рамка и тоа останува како следен чекор, додаде Руте.