Европскиот совет вечерва одлучи да ги отвори пристапните преговори со Босна и Херцеговина, соопшти претседателот на Советот, Шарл Мишел.
Мишел на Х и честиташе на БиХ и порача дека местото и е во европското семејство.
- Денешната одлука е клучен чекор напред на вашиот пат кон ЕУ. Сега треба да продолжи напорната работа за Босна и Херцеговина стабилно да напредува, како што сака вашиот народ, напиша Мишел.