Претседателот опозициската Демократска партија на Косово (ПДК), Мемли Красниќи ја обвини Владата на Албин Курти на третата годишнина од нејзиното назначување, за измами и деградација на државата, јави дописникот на МИА од Приштина.

Красниќи на својата страница на Фејсбук објави видео материјал преку кој резимира „некои од аферите и скандалите на Владата Курти 2 во овие три години“.

Лидерот на најголемата парламентарна опозициска пафртија во Косово вели дека, пред сè, овие три години ја откриле измамничката природа на премиерот Курти и неговиот кабинет, „нанесувајќи голема штета на државата и граѓаните“.

- Три години деградација – корупција – непотизам. Три години лошо владеење - изолација - страв. Три години измама!, напиша Красниќи на Фејсбук.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2024 00:10